Македонскиот возач Игор Стефаноски – Иџе денес ја возеше првата трка во „ТЦР Европа“.
Иџе со своето Хјундаи имаше најдобро време во првите квалификации, но во вторите најбрзиот круг му беше поништен, па стартуваше од 11 позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со 11-та стартна позиција Иџе на крајот се избори за седмото место.
Покрај Иџе на денешната патека во „Ле Кастелете“ возеше и Виктор Давидоски кој заврши девет места подоле од Иџе, односно на 16-та позиција. Со заостанување од 21.853 секунди зад победникот.
Победник на трката беше Душан Боровиќ со време од 27:08.766. Втората трка се вози веќе утре на „Пол Ришат“ со почеток од 15:50 часот.