Дефанзивецот на Џенова Раду Драгушин е еден од најбараните оваа зима, а сега во игра за неговиот потпис се појави и Баерн Минхен.
Според романските медиуми Баварците стапиле во контакт со неговиот агент и им ставиле до знаење дека сакаат да го доведат во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно со Драгушин се поврзуваа Тотенхем и Наполи, но сумата од 30 милиони евра за нив е превисока
Томас Тухел очајно сака уште еден стопер, Роналд Араухо останува негова желба, Ерик Дајер е играч за ротација од клупата, додека Драгушин може да биде одличен влог за во иднина.
Драгушин има само 21 година, оваа година е еден од најдобро оценетите во Серија А, па затоа и е голем интересот за неговиот потпис.
Од денеска како што изгледа Баерн Минхен е најсериозен кандидат, бидејќи медиумите во Романија истакнуваат дека Германците нема да губат време и се подготвени да ги забрзаат преговорите.