Фудбалерите на ПСЖ вечерва играат во гости против Нант во раките на 23. коло во француската Лига 1.
Парижаните од почетокот на сезоната се лидери на табелата и потребно е чудо и оваа сезона да не бидат прваци во Франција. ПСЖ вечерва сака да ја продолжи низата против Нант после одличното издание минатиот викенд кога со 5:0 го прегазија Монпеље.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, овој натпревар остана во сенка на случувањата во соблекувалната на Парижаните. Имено, Томас Тухел во средината од второто полувреме од игра го извади Мбапе, одлука која не му се допадна на младиот напаѓач.
Мбапе налутено му дофрлуваше на својот тренер. Но, Тухел чекаше играчите да заминат во соблекувалната после натпреварот, а потоа пред сите му одржа предавање на Мбапе и му порачал дека не смее така да се однесува.
Француските медиуми јавуваат дека Тухел вечерва ќе го казни Мбапе и дека тој нема да биде на првиот тим на овој тим. Мбапе веројатно ќе остане на клупата, а постои шанса тој воопшто да не биде во конкуренција за вечерашниот натпревар.
Очигледно е дека на овој начин Тухел сака да му покаже на Мбапе дека не може така да се однесува кон него и дека мора да ги почитува своите одлуки.