Дома Фудбал Италија Турската легенда: Елмас го купивме за 500.000 евра, а сега вреди 50 милиони!

Турската легенда: Елмас го купивме за 500.000 евра, а сега вреди 50 милиони!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа имаше уште еден одличен настап за Наполи против Барселона.

Елмас  со одличен дриблинг го исфрли од игра Жорде Алба и му асистираше на Зиелински за водство на Наполи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Поранешниот турски фудбалер и тренер на Фенербахче, Ајкут Кочаман имаше само пофални зборови за Елмас по вчерашниот настап против каталонскиот гигант.

„Елмас пристигна кај нас за 500.000 евра, а сега вреди 50 милиони. Го гледав неговиот последен настап, тој беше главен на теренот. Настапот на Елмас беше вистинско уживање“, кажа Кочаман.

Елмас веќе две и пол години е во Наполи, а оваа сезона игра одлично под палката на Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лаутаро бесен на соиграчите по шокот на Светското клупско првенство: Ако не сакате да сте тука – заминете!

Фудбалерите на Интер се опростуваат од Светското клупско првенство по поразот од Флуминенс…