Дома Фудбал Тројцата Бразилци ставија потпис на нови договори со Реал Мадрид

Тројцата Бразилци ставија потпис на нови договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид ги обнови договорите со тројца многу важни играчи, пренесуваат шпанските медиуми.

Станува збор за тројцата Бразилци, Винисиус, Родриго и Едер Милитао, кои одиграа фантастични сезони.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Винисиус ја одигра најдобрата сезона во кариерата и според многумина беше играч на сезоната во Реал Мадрид. Тој ќе стави потпис нa договор до 2027 година, а во новиот договор на ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Винисиус во моментов заработува 3,2 милиони евра, а со новиот договор ќе добие тројно поголема плата.

Слична е ситуацијата со Родриго, кој ќе го продолжи договорот до 2028 година со клаузула од 1 милијарда. Додека Милитао кој покажа дека е достојна замена за Серхио Рамос ќе стави потпис на договор до 2028 година со откупна клаузула од 500 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман од англиски гигант доаѓа во Интер целосно бесплатно!

Италијанските медиуми објавуваат дека Интер нашол замена за Јан Зомер, и тоа ни помалку, н…