Едно е сигурно кој ќе сака да го доведе одличниот напаѓач, ќе мора да го “одврзе ќесето“.
Претседателот на Торино, Урбано Каиро, откри дека Андреа Белоти може да го напушти Торино само доколку некој клуб понуди 100 милиони евра. Тоа значи дека клубот кој ќе сака да го доведе мора да ја плати активира откупната клазула од неговиот договор.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
“Немам намера да го продадам Белоти. Клазулата е 100 милиони евра, доколку некој одлучи да ја плати, јас повеќе ништо не се прашувам“, изјави Каиро.
Белоти претходно се поврзуваше со трансфер во Милан, Арсенал и Манчестер Јунајтед.