Дома Фудбал Италија Три ѕвезди на Милан наскоро ставаат потпис

Три ѕвезди на Милан наскоро ставаат потпис

Милан го има еден од најмладите тимови во Европа, мисијата на клубот е што побрзо да обезбедат нови договори за најважните фудбалери на тимот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза со Тео Хернандес, Рафаел Леао и Исмаил Бенасер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тројцата фудбалери имаат договори со „росонерите“ до 2024 година, но Милан сака да ја продолжи соработката и да им даде зголемување на платата.

Се очекува тројцата наредниот месец да стават потписи на договори до 2026 година. Тео Хернандес со новиот договор ќе заработува 4 милиони, додека Леао и Бенасер по 3,5 милиони евра.

Платите на тројцата за пет години со вклучени бонуси и даноци ќе го чинат Милан точно 80 милиони евра.

Претходно потписи на нови договорија ставија Салемакерс, Калабрија и Матео Габија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Комедија: Погледнете со каков автогол Косово го потврди пласманот во историскиот бараж (Видео)

Словенија го дочека Косово два кола пред крајот на квалификациите за Светското првенство. …