Дома Топ вести Три понуди го искушуваат Кристиано Роналдо

Три понуди го искушуваат Кристиано Роналдо

Веќе неколку месеци се шпекулира дека Кристиано Роналдо не е задоволен од третманот кој го добива во Реал Мадрид и дека би можел да ја промени средината.

Особено неговото незадоволство се зголеми откако Меси потпиша нов договор со Барселона и стана најплатен фудбалер на светот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Роналдо смета дека треба да биде најплатен фудбалер на светот, но претседателот на Реал, Флорентино Перез нема слух за неговите барања.

Таквата ситуација ги алармираше богатите европски клубови, кои веќе испратиле понуди до Португалецот, тврди еминентниот новинар Еду Агире во програмата „El Chiringuito“.

Најголема желба на Кристиано Роналдо е да остане на „Сантиаго Бернабеу“, но не сака тоа да го направи по секоја цена. Наводно Португалецот ќе почека реакција од „кралевите“ во следниот месец, а потоа ќе почне да ги разгледува понудите.

Новинарот тврди дека Роналдо во моментов има три понуди, од кои едната е многу сериозна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…