Фелипе Кутињо би можел да ја напушти Барселона во текот на летниот преоден рок.
Бразилскиот фудбалер на Камп Ноу не покажа ништо од доаѓањето во јануари 2018. година од Ливерпул и раководството на клубот одлучиле да го продадат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Коу нема да има многу проблеми да пронајде нов клуб, бидејќи како што тврди Мундо Депортиво на адресата на Барса пристигнале три понуди за овој фудбалер.
Тимовите кои го посакуваат во нивните редови се Челси, Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Сите три тима веќе ја контактирале Барса околу потенцијален трансфер.
Најмалку шанси да го донесе има Челси. На Сините им се забранети трансфери од страна на ФИФА во наредните два преодни рока, но постои надеж дека забраната може да биде укината од Судот за спортска арбитража.
Од друга страна Јунајтед и ПСЖ бараат освежување за тимовите. И двата клуба располагаат со огромни средства и без проблеми можат да го завршат трансферот.
Кутињо во Барселона помина период за заборав. Настапи на 75 натпревари, постигна 21 погодок, но не беше ни блиску до играта која ја прикажуваше во Ливерпул.