Дома Фудбал Италија Третолигаш вечерва гостува на „Меаца“, го „боцкаат“ Интер и имаат подобар играч од Икарди

Третолигаш вечерва гостува на „Меаца“, го „боцкаат“ Интер и имаат подобар играч од Икарди

Интер вечерва го започнува натпреварувањето во Купот на Италија, против третолигашот Порденоне, кој ако се суди според смислата за хумор е веќе победник.

Овој клуб од северот на Италија баш добро се забавува на своја и на сметка на Интер пред нивниот животен натпревар на „Џузепе Меаца“ вечерва.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Порденоне излезе со ист слоган како и Интер, „Никогаш не сме биле во Серија Б“, што е точно бидејќи никогаше не стигнале до втората лига.

Но, најинтересна е споредбата која ја направија помеѓу нивниот напаѓач Беретони и Мауро Икарди. Тие на свој начин заклучија дека нивниот напаѓач е подобар од Аргентинецот.

Беретони има настап во Лига на шампиони, Икарди нема. Навистина, овај напаѓач кариерата ја започна во Лацио и има одиграно меч против Спарта во ЛШ. Беретони има постигнато гол во финалето од Интертото купот, Икарди не.

Порденоне на интересен начин го „троаше“ Интер и дека мечот против нив сигурно ќе биде поинтересен од дербито против Јувентус, а вчера после ждребот во Лигата на шампиони се пошегуваа дека тие го добиле Интер.

Одличен хумор со кој малиот клуб ги собра нашите симпатии, па им посакуваме среќа вечер на „Џузепе Меаца“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…