Хуан Мануел Санабриа е 16-годишен Уругваец кој моментално настапува за тамошниот клуб Национал, а наскоро ќе стане член на Атлетико Мадрид.
Шпанска „Марка“ тврди дека „јорганџиите“ ги договориле сите детали за трансферот на капитенот на У17 репрезентацијата на Уругвај.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Останува да се види само кога Санабриа ќе пристигне во Мадрид бидејќи Атлетико сеуште е под суспензија за трансфери.
Во трката за потписот на Уругваецот беа уште Ливерпул и Барселона. Каталонците го следеа веќе подолго време, а „црвените“ минатата година го имаја фудбалерот на проба цели 10 дена.
Сепак, последните информации од медиумите велат дека Атлетико Мадрид ја победил конкуренцијата и го осигурал потписот на големиот талент.