Дома Фудбал Германија Тренерот на Баерн го критикуваше раководството

Тренерот на Баерн го критикуваше раководството

Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик покажа дека не е среќен од трансфер политиката на клубот во однос на купување на нов напаѓач.

Роберт Левандовски се повреди и ќе остане надвор од терените цел месец, а Баварците немаат адекватна замена на местото централен напаѓач.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веќе со години Левандовски е главен напаѓач на Баерн Минхен,но раководството не обезбеди негова адекватна замена.

„Клубот треба сериозно да ја разгледа ситуацијата околу доведување на нов напаѓач. Тоа не е моја работа. Сигурно дека имам мислење за таа тема, но мислењето ќе го задржам  за себе“, изјави Флик.

„Го имаме Гнабри, а и Томас Милер може да игра како централен напаѓач. Во секој случај ќе се справиме добро со ситуацијата“, додаде тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Готово: Хуан Мата има нов клуб!

Легендарниот шпански фудбалер, Хуан Мата, го пронајде својот нов тим. Ветеранот во офанзив…