Дома Фудбал Италија Тренерите во Серија А мислат дека Интер ќе биде нов шампион

Тренерите во Серија А мислат дека Интер ќе биде нов шампион

Според анкетата на тренерите на италијанските прволигаши главен кандидат за Скудетото е тимот на Интер.

„ИтаСпортПрес“ ги објави резултатите од нивната анкета во која учествуваа 16 тренери на италијански прволигаши. 11 од тие 16 гласале дека Интер ќе биде шампион оваа сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тренерите кои гласаа за Интер беа: Џан Пјеро Гасперини, Пипо Инзаги, Еусебио Ди Франческо, Симоне Инзаги, Стефано Пиоли, Џенаро Гатузо, Фабио Ливерани, Роберто Де Зерби, Марко Џампаоло, Лука Готи и Иван Јуриќ.

Дека Јувентус ќе биде шампион гласал тренерот на Специја, Виченцо Италијано, додека Џовани Строп од Кротоне го даде гласот за Милан.

Синиша Михајловиќ, Чезаре Прандели и Клаудио Раниери не сакале да биде откриен нивниот глас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул мора да продаде тројца фудбалер за да го купи најскапото засилување во нивната историја

Ливерпул продолжува да се поврзува со Александар Исак и може конечно да ги има клучевите з…