Дома Останати Тенис „Тренер на Ѓоковиќ може да му биде мојата мачка и повторно ќе победува“

„Тренер на Ѓоковиќ може да му биде мојата мачка и повторно ќе победува“

Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ по речиси шест години ја прекинаа соработката, беше потврдено минатата недела. Во меѓувреме, Ѓоковиќ објасни дека нема проблеми помеѓу нив двајца и дека едноставно професионално дошол моментот за таква одлука.

Моментално најдобриот светски тенисер тренира со Ненад Зимоњиќ, поранешен одличен дубл играч кој би можел да му биде следен тренер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На оваа тема во својот подкаст „Официјално со Енди Родик“ зборуваше и легендарниот Американец, кој се сомнева дали на Србинот воопшто му треба тренер:

„Малку е чудно прашање, дали му треба тренер. Мислам дека мојата мачка би можел да тренира и да победи на еден куп натпревари“.

Родик напомена и дека нема да биде изненаден од новото враќање на Словакот Маријан Вајда, кој веќе двапати го тренираше Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…