Дома Фудбал Италија Тренер на италијански тим доби отказ поради Грета Тунберг!

Тренер на италијански тим доби отказ поради Грета Тунберг!

Шеснаесетгодишната Грета Тунберг се најде во центарот на вниманието на светската јавност после нејзиниот говор на климатскиот самит во Њујорк.

Тунберг жестоко ги критикуваше светските лидери затоа што не превземаат мерки против климатските промени. Оваа Швеѓанка луто зборуваше пред светските лидери и ги обвини дека нејзе и го украле детството и дека светот ја плаќа цената затоа што тие ништо не прават.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Поради начинот на кој оваа 16 годишна тинејџерка го одржи говорот доби и негативни критики. Од коментар не се воздржа и тренерот на италијанскиот нисколигаш Гросето, Томасо Касалини кој на крајот ја плати цената.

Касалини на друштвените мрежи ја навредуваше Грета, а клубот на крајот го отпушти.

„Таа е ку*ва. Има 16 години и доволно е стара за такви работи“, напиша Касалини и ја шокираше јавноста.

На крајот од Гросето порачаа дека тој добил отказ бидејќи не дозволуваат нивниот тренер да се однесува на таков начин. Касалини подоцна се извинуваше, меѓутоа отказот не го избегна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Eкс-фудбалерот на Реал Мадрид за изјавата на Мурињо: И денес не го разбирам!

Педро Леон, кој денеска има 38 години и игра за Реал Мурсија, во интервју за емисијата …