Дома Фудбал Останато Тренер на годината: Зидан, Алегри или Конте!

Тренер на годината: Зидан, Алегри или Конте!

ФИФА денес ги објави финалистите, па во трка за наградата „тренер на годината“ ќе бидат тројца кандидати.

Зинедин Зидан е прв фаворит, откако со Реал Мадрид минатата година ги освои Лигата на шампиони и Примера, но за ова престижно признание уште ќе се борат и Масимилиано Алегри, кој со Јувентус го освои Скудетото и стигна до финалето во ЛШ, како и Антонио Конте кој на доминантен начин на освои Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Капитените и тренерите на клубовите ќе гласаат за најдобриот меѓу нив, а во гласањето исто така ќе учествуваат навивачи, како и 200 новинари.

Најдобриот тренер ќе биде прогласен на престојната церемонија во Лондон на 23-ти октомври, кога ќе биде прогласен и најдобриот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид постави нов рекорд во Ла Лига

Сезоната во Ла Лига донесе ново поглавје во историјата на шпанскиот фудбал, а Реал Мадрид …