Македонската репрезентација в сабота во Скопје ја очекува натпреварот против Италија во рамките од квалификациите за Европското првенство.
Човек на одлука на последниот натпревар против Италија во Палермо кога го игравме баражот за Светското првенство беше напаѓачот Александар Трајковски.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Трајковски во самата завршница со удар од далечина го матираше Донарума и обезбеди финален бараж каде што бевме поразени од Португалија.
„За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен. Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да не потценат, но знам дека овој пат нема да биде исто“,
Три дена по натпреварот со Италија ќе играме против Малта на гостински терен.