Иако има 35 години, Луис Суарез се уште привлекува голем интерес. Во претходниот период Уругваецот се поврзуваше со повеќе клубови, а според последните информации кариерата ќе ја продолжи надвор од Европа.
Суарез сака средина каде што ќе биде сигурен во стартниот состав со цел да биде во најдобра форма за Светското првенство во Катар на крајот од годината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот новинар Бруно Ваин пишува дека Суарез наскоро ќе стане нов член на Ривер Плата, и потенцира дека овој трансфер би можел да биде официјализиран уште денеска.
Ривер сака замена за Алварез кој премина во Манчестер Сити. Освен фудбалската класа која секако не е спорна, Суарез сигурно би бил и најзвучното име во тимот на Ривер.
Веќе има информации и за годишната плата на Суарез која би требало да изнесува околу 4.6 милиони евра по сезона, времетраењето на договорот засега не е познато.