Барселона за Фелипе Кутињо до сега плата 135 милиони евра, но тој трансфер и понатаму не е во целост завршен.
Кутињо во 2018 година потпиша за Барселона после пет фантастични години на „Енфилд“, но иако беше доведен како големо засилување на „Камп Ноу“ не доби прилика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот одигра вкупно 52 натпревари постигна 13 голови, а минатата година клубот одлучи да го позајми на Баерн кој нема намера да го задржи. Според последните информации од Шпанија Кике Сетиен сака да му даде нова шанса.
Враќањето на бразилскиот репрезентативец би можело да ја чини Барселона која до сега за него веќе плати 135 милиони евра. Имено, Барселона е должна на Ливерпул да му плати 20 милиони евра ако Кутињо одигра уште 24 натпревари за нивниот клуб. Вкупно, со уште две дополнителни клазули во договорот, сумата за трансферот на Кутињо може да достигне и 160 милиони евра.
Кутињо не е лош фудбалер, но толкава сума треба да се плати за некој кој би бил и тоа како важен дел од тимот, а Бразилецот тешко дека тоа може да биде. Поради тоа Кутињо и да добие шанса треба многу да покаже за Барселона да реши да го задржи на подолг период.