Хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол летово сигурно ќе потпише за Манчестер Сити, пренесува еминентниот „Билд“.
Неодамна директорот на Лајпциг изјави дека се далеку од договор со Манчестер Сити, но со тоа само сакал да направи притисок врз „граѓаните“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Манчестер Сити во моментов нуди 90 милиони евра плус, некои прилично нереални бонуси. Лајпциг нема да се согласи на помалку од 100 милиони евра, но на крајот Гвардиол сигурно ќе заврши во Сити до крајот на летниот преоден рок“, пишува „Билд“.
Гвардиол има комплетен договор со Сити и само чека зелено светло за да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи.