Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Пријател на Нејмар крена прашина, Мата потпиша!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Пријател на Нејмар крена прашина, Мата потпиша!

Вчера стартуваве со редовната летна рубрика – ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО! Нашата редакција навремено ќе веќе известува за сите трансфери и трансфер шпекулации се до затворањето на трансфер пазарот.

– Веста на денот секако доаѓа од Мадрид, каде Атлетико во секој момент треба да го финализира трансферот на Жоао Феликс од Бенфика за 120 милиони евра (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар и ова лето ќе биде многу жешка тема. Вчера објавивме дека ПСЖ е спремен да го продаде, а денес „Мундо Депортиво“ излезе со нови детали. Бразилецот јасно му ставил до знаење на претседателот на ПСЖ дека сака да си замине и да се врати во Барселона (ОВДЕ).

Де Лихт и дефинитивно ја одби понудата на Барселона. Три клуба останаа во трката за младиот Холанѓанец, кој е најблиску до ПСЖ (ОВДЕ).

– Гвардиола нема да жали пари за во својот тим да го донесе Калиду Кулибали. „Граѓаните“ испратиле понуда од 95 милиони евра до Наполи за одличниот дефанзивец (ОВДЕ).

– ПСВ потврди дека испратил понуда до Арјен Робен, кој е слободен играч после заминувањето од Баерн Минхен.

– Наполи има комплетен договор со дефанзивецот на Рома, Костас Манолас. Наполитанците се спремни во наредните денови да ја актувираат откупната клаузула од 36 милиони евра.

-Официјално: Реал Мадрид го претстави Ферлан Менди. 24-годишниот лев бек доаѓа од Лион за 48 милиони евра.

– Милан постигна комплетен договор со хрватскиот репрезентативец Андреј Крамариќ и во наредните денови ќе испрати официјална понуда до Хофенхајм (ОВДЕ).

– Откриени сите детали од договорот помеѓу Рабио и Јувентус. Французинот е многу блиску да го облече дресот на „бјанконерите“ (ОВДЕ).

– Реал Мадрид не се откажува од Кристиан Ериксен и спреми интересна понуда. „Кралевите“ нудат 45 милиони фунти, плус Дани Себаљос.

-Новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо сака да ја донесе во Париз ѕвездата на ПСЖ, Даглас Коста (ОВДЕ).

„БОМБА“: Ливерпул спрема голем трансфер удар и е спремен да го „украде“ Антоан Гризман пред носот на Барселона (ОВДЕ).

Официјално: Наполи го откупи договорот на голманот Давид Оспина, кој минатата сезона беше на позајмица од Арсенал.

-Милан е сериозно заинтересиран за турскиот талент и член на Штутгард, Озан Кабак. Младиот дефанзивец има откупна клаузула од 15 милиони евра.

– Официјално: Кајл Вокер потпиша нов договор со Манчестер Сити вреден 202.000 евра неделно.

– СЕ ЧЕКА САМО ПОТПИС: Матс Хумелс се враќа во Борусија Дортмунд! Тоа е вест која ја објавија сите поголеми германски медиуми! До крајот на денот се очекува и официјализација!

Скоро договорено: „Скај Италија“ пренесува дека Барселона ја прифатила понудата од 25 милиони евра за Андре Гомеш од Евертон!

ПАДНА ПОТПИСОТ! Матс Хумелс и официјално се врати во Борусија Дортмунд!

Официјално: Луис Енрике повеќе не е селектор на Шпанија! (ОВДЕ)

– Ниту самиот Кутињо не знае каде ќе игра следната сезона. (ОВДЕ)

– Борусија Дортмунд во овој преоден рок со последниот ангажман на Хумелс состави тим вреден 547 милиони фунти и изгледа навистина моќно.

– Eвертон понудил 30 милиони евра за младиот напаѓач на Јувентус, Моис Кин, но во Јувентус немаат намера да се откажат од него и му спремаат нов договор со важност до 2024 година и плата од два милиони евра по сезона.

– ОФИЦИЈАЛНО: Изненадувањето кое вчера се најви денес се потврди! Хуан Мата потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед до 2021 година!

– Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис потврди дека клубот работи на доведување на Хамес Родригез и Манолас! (ОВДЕ)

– Кoментарот на пријателот на Нејмар, Габриел Медина на фотографија од Меси и Нејмар крена голема прашина (ФОТО)

– На Островот се појави информација дека Манчестер Јунајтед сака на ВБА да го понуди Фил Џонс за да стигне до потписот на Иса Диоп.

– Пари Сен Жермен во овој преоден рок би можел да направи нов обид за ангажман на голманот на Милан Џанлуиџи Донарума. Дел од француските медиуми објавија дека клубот од Париз е спремен да понуди 60 милиони евра.

ОФИЦИЈАЛНО: Џампаоло нов тренер на Милан! Потпишан договор на две години! (ОВДЕ)

Maурицио Сари слета во Торино и утре ќе биде претставен пред навивачите на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…