Дома Трансфер зона Милан договори големо засилување: Хрватот на чекор од „Сан Сиро“

Милан договори големо засилување: Хрватот на чекор од „Сан Сиро“

Германските медиуми тврдат дека Милан е многу блиску до комплетирање на трансферот на хрватскиот репрезентативец Андреј Крамариќ.

Дека италијанскиот гигант сака да го види Крамариќ во своите редови потврди агентот на фудбалерот кој верува дека Звонимир Бобан може да има клучно улога во оваа операција.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот играч на Лестер минатата сезона постигна 22 гола во дресот на Хофенхајм и го привлече интересот на бројни клубови, а Милан е спремен да ја победи конкуренцијата.

„Скај Германија“ тврди дека „росонерите“ веќе имаат комплетен договор со Крамариќ и наскоро ќе испратат понуда до Хофенхајм.

Германскиот клуб за слободата на напаѓачот бара 30 милиони евра, а Милан е спремен да понуди 25. Меѓутоа, медиумите тврдат дека разликата може да се „испегла“ со вклучени бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …