Дома Топ вести Готово: Жоао Феликс стави потпис, се е спремно за историски трансфер!

Готово: Жоао Феликс стави потпис, се е спремно за историски трансфер!

Се е договорено и постои голема веројатност Атлетико Мадрид уште денес да го објави трансферот на Жоао Феликс од Бенфика, пренесува „АС“.

19-годишната португалска ѕвезда веќе неколку дена е во Мадрид, ги поминал лекарските прегледи и наводно ставил потпис на петгодишен договор со „јорганџиите“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Атлетико Мадрид е спремен да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра и веќе ја известил Бенфика, па трансферот е само прашање на време.

„Јорганџиите“ во Португалецот гледаат идеален наследник на Гризман, кој најави заминување од клубот.

„Работиме на трансферот на Жоао Феликс. Атлетико е клуб кој купува млади фудбалери и ги развива во големи шампиони, како Облак, Хименез, Гризман… Сакаме талентиран играч кој може да се вклопи во нашите идеи“, изјави Симеоне.

Атлетико ја победи големата конкуренција за младиот Португалец, кој во Мадрид ќе заработува 6 милиони евра по сезона.

Ова ќе биде најскап трансфер во историјата на Атлетико, но и на мадридскиот фудбал воопшто, бидејќи најскапиот трансфер на Реал изнесува 110 милиони евра.

https://youtu.be/bBVBn5NtLag

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миланско дерби за „нвиот Неста“

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Мил…