Дома Трансфер зона Де Лаурентис одново на испит: Нов гигант со огромна понуда тргнува по Кулибали!

Де Лаурентис одново на испит: Нов гигант со огромна понуда тргнува по Кулибали!

Играчот на Наполи Калид Кулибали се наоѓа на мета на многу европски гиганти.

Сенегалецот во 2014 година пристигна од Генк во Наполи за нешто помалку од осум милиони евра, но потоа неговата цена скокна и сега таа изнесува 75 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минатата сезона одигра 48 натпревари за италијанскиот клуб во сите натпревари и помина 2153 минути на теренот и беше еден од најдобрите играчи на Наполи.

Со своите добри настапи го привлече вниманието на многу клубови, а најмногу за него се интересираше Манчестер Јунајтед кој испрати понуда од 110 милиони евра.

Потоа се појави Реал Мадрид со понуда од 90 милиони евра, но газдата на Наполи ги одбиваше сите понуди.

Италијанска „Газета дело Спорт“ денес пишува дека Гвардиола сака да го види Кулибали во својот тим и дека Сити е спремен да испрати понуда вредна 95 милиони евра.

Кулибали во Сити би бил замена за Винсент Компани кој го напушти клубот на крајот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…