Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.
-Главна вест денес е Килијан Мбапе и неговиот трансфер во ПСЖ. Еминентниот „Екип“ на насловната страна пишува дека ѕвездата на Монако го избрал ПСЖ каде ќе добие 5-годишен договор тежок 18 милиони евра по сезона. Двата клува сеуште немаат постигнато конечен договор, но се очекува трансферот да биде комплетиран наредните денови.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
– Сагата околу трансферот на Кутињо заврши. Ливерпул преку официјално соопштение го соопшти својот став (ОВДЕ).
– Плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско стави крај на сите шпекулации околу својата иднина и денес потпиша нов договор со „кралевите“ во кој има откупна клаузула од 700 милиони евра (ОВДЕ).
– Португалските медиуми пренесуваат дека Интер и Спортинг Лисабон се во интензивни преговори за трансфер на Габриел Барбоса. Бразилецот е заинтересиран за преселба во Лисабон, па најверојатно ќе замине на едногодишна позајмица.
– Фиорентина постигна договор со ПСЖ за трансфер на Хесе Родригез. Во моментов „виолетовите“ преговараат со играчот и се очекува во следните денови да се комплетира трансферот.
– Реал Мадрид е изненаден од високите барања на Килијан Мбапе и официјално се откажа од намерата да го доведе во Мадрид, притоа му порача: „Среќно нека ти е во Париз“ (ОВДЕ).
– Играчот на Интер, Гари Медел е многу блиску до трансфер во Бешикташ. Се очекува утре да пристигне во Истанбул на медицински прегледи.
– Ливерпул ја одби и последната понуда од Јувентус за Емре Чан. „Тутоспорт“ пренесува дека „старата дама“ веќе се откажала од наремата да го донесе Германецот и нема да испраќа нова понуда.
– Висока делегација на ПСЖ пристигна во Мадрид, а тамошните медиуми пренесуваат дека постојат три можни сценарија (ОВДЕ).
– Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за десниот бек на ПСЖ, Томас Муние во кого гледа идеална алтернатива за Дани Карвахал.
– Арсенал му понуди на Санчез ОГРОМНА плата, сега останува да видиме дали Чилеанецот ќе ја прифати понудата и ќе потпише нов договор со „топџиите“. (ОВДЕ)
– Франс Фудбал пренесува дека Милан понудил 30 милиони евра за Радамел Фалкао, но клубот од „кнежевството“ експресно ја одбил понудата.
– Медиумите на Островот пренесуваат дека Тотенхем е спремен да понуди 25 милиони фунти за Рос Баркли, но Евертон нема да го пушти плејмејкерот за сума помала од 30 милиони фунти.
– Италијанските медиуми тврдат дека Милан во наредните денови ќе ги комплетира трансферите на дуото од Фиорентина Калиниќ – Бадељ. „Росонерите“ се спремни да понудат 30 милиони евра плус Габриел Палета, за кого е заинтересирана Фиорентина.