Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса спреми „стотка“ за Лаутаро, Реал и Ливерпул спремаат трампа

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса спреми „стотка“ за Лаутаро, Реал и Ливерпул спремаат трампа

Секој ден до крајот на преодниот рок нашата редакција навремено ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Главна вест денес е големиот интерес за Барселона за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Аргентинските медиуми тврдат дека Каталонците се спремни да понудат 100 милиони евра. (повеќе ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Лихт во следните денови и официјално ќе стане нов играч на Јувентус. Познати деталите од договорот (ОВДЕ).

-Тотенхем ја намали цената на Кристиан Ериксен и диектно му го понуди играчот на Реал Мадрид (ОВДЕ).

-Преговорите помеѓу Милан и ПСЖ продолжуваат за трансферот на Донарума. „Росонерите“ се спремни да го продадат младиот голман само за понуда помеѓу 50 и 60 милиони евра.

-Астон Вила постигна договор со Саутамптон за левиот бек Мат Таргет за чиј трансфер ќе платат 17 милиони фунти.

Адриен Рабио постигна комплетен договор со Јувентус и во следните денови и официјално ќе стане нов играч на „бјанконерите“.

-Милан е во напредни преговори со Реал Мадрид за трансфер на Дани Себаљос. Шпанецот веќе им кажа ДА на „росонерите“. (ОВДЕ)

-Директорот на Манчестер Јунајтед најави „возбудливи“ засилувања до крајот на преодниот рок. (ОВДЕ)

-БОМБА: Шпанските медиуми откриваат дека Реал Мадрид и Ливерпул започнале преговори за спектакуларна трампа (ОВДЕ).

-Барселона покажува силен интерес за левиот бек на Милан, Рикардо Родригез. Преговорите се започнати, трансферот би требало да изнесува 15 милиони евра (ОВДЕ).

-Рома постигна договор со Каљари за Николо Барела и е на добар пат да го „украде“ играчот пред носот на Интер (ОВДЕ).

-Официјално: Озан Кабак е нов играч на Шалке 04. Турскиот репрезентативец ги одби Милан и Баерн Минхен.

-Борусија Дортмунд спрема понуда од 15 милиони евра за македонскиот репрезентативец и член на Фенербахче, Елиф Елмас.

Леонардо Бонучи имал разговор со тренерот Маурицио Сари и ја одби понудата од ПСЖ (ОВДЕ)

-Француските медиуми пренесуваат дека трансферот на Танги Ндомбеле од Лион во Тотенхем е пред реализација. „Спарси“ за неговиот потпис ќе платат 63 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…