Дома Топ вести „БОМБА“: Барса спреми 100 милиони за ѕвездата на Интер

„БОМБА“: Барса спреми 100 милиони за ѕвездата на Интер

Аргентинските медиуми утрово објавија вистинска „бомба“ и тврдат дека Барселона ќе се насочи кон напаѓачот на Интер и аргентинската репрезентациај Лаутаро Мартинез.

Лаутаро минатото лето пристигна во Интер за 26 милиони евра и одигра просечна сезона каде постигна 9 гола на 35 настапи. Во првите шест месеци беше во сенка на Икарди, а кон крајот на сезоната почна да добива вистинска шанса.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа Аргентинецот блеска на Копа Америка и покажа дека одлично соработува со Меси во нападот, па Барселона во него гледа идеален наследник на Луис Суарез.

22-годишниот напаѓач е во плановите на Антонио Конте и „нероаѕурите“ нема лесно да се откажат од него, но поради потешкотијата да го продадат Икарди, можно е да ги разгледаат понудите бидејќи сакаат да го донесат Ромелу Лукаку.

Аргентинските медиуми тврдат дека Барса е спремна да понуди 100 милиони евра за „Ел Торо“, а тоа е понуда која Интер тешко ќе може да ја одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…