Дома Фудбал Останато Де Лихт утре потпишува – откриени сите детали од договорот!

Де Лихт утре потпишува – откриени сите детали од договорот!

Месец дена пред својот 20. роденден, дефанзивецот на Ајакс, Матијас Де Лихт ќе го направи еден од трансферите кои ќе го обележат ова лето во Европа.

Со недели медиумите секојдневно се информираа за неговиот трансфер по одличната сезона во Ајакс, а како и да не кога за неговиот потпис во трка беа Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед, ПСЖ… Сепак, како што поминуваше времето, стана јасно дека италијанскиот шампион е најупорен и дека Де Лихт од Амстердам ќе се пресели во Торино.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми, пред сите „Tuttosport“, денеска откриваат дека уште утре, во понеделник, се може да биде официјализирано, со оглед дека веќе се познати и бројките. Според тие информации, Ајакс од овој трансфер ќе инкасира 67 милиони евра, плус уште 12 на име на дополнителни бонуси.

Претходните денови доста се шпекулираше и за платата на Де Лихт во Јувентус, а последните вести говорат дека двете страни се согласиле на осум милиони евра по сезона, плус дополнителни четири милиони на име на бонуси, па неговата заработка би можела максимално да изнесува 12 милиони годишно, а договорот ќе биде потпишан на пет години.

Кога овој трансфер ќе биде рализиран, ќе биде поставено прашањето за евентуално заминување на некој од актуелните дефанзивци на Јувентус, а веќе почна да се пишува дека ПСЖ сака да го ангажира Лео Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…