Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спрема „возбудливи“ засилувања

Манчестер Јунајтед спрема „возбудливи“ засилувања

Одлични вести за навивачите на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера во Манчестер Јунајтед завршија голема работа, ангажиран беше досегашниот дефанзивец на Кристал Палас, Ерон Ван Бисака, кој е второ засилвуање ова лето за англискиот гигант. Претходно беше ангажиран Даниел Џејмс од Свонси, а се е поизвесно е дека и Маркус Рашфорд ќе потпише нов договор. Но, тоа не е се.

Летото само што започна, ќе има уште многу возбудувања, а извршниот директор на Јунајтед, Ед Вудвард во тој стил најавува и следни засилувања, кои, како што кажа ќе бидат возбудливи.

„Без оглед на секојдневните шпекулации кои многу луѓе ги доведуваат во заблуда нашиот тим во соработка со Солскјер работи мирно, зад сцената, за да ангажираме нови, возбудливи играчи, во склад со долгорочната визија на нашиот клуб“, изјави Вудворд.

Истовремено, се очекува и заминување на некои играчи, а овие денови најмногу се пишуваше за желбата на Интер да го ангажира Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…