Екс-боксерскиот шампион Вили Лимонд, почина денеска на 45-годишна возраст откако бил пронајден без свест зад воланот на неговиот автомбил, објави „Дејли Мејл“.
Според информациите, Лимонд добил мозочен удар додека возел пред тренингот кој требало да се одржи во Глазгов. Во кариерата тој учествуваше во 42 борби, а беше најдобар во Европа во супер-перо категорија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој беше шампион на Комонвелтот во лесна и суперлесна категорија. Во рингот требаше да се врати на 3-ти мај против Џо Лоус во Глазгов. Таа борба се најавуваше како негова подготовка за враќање во професионалниот бокс.
We're deeply saddened to learn of the passing of Willie Limond.
— Boxing News (@BoxingNewsED) April 15, 2024
Our thoughts and prayers are with Willie's friends and family.
A warrior to the core. Rest in peace, champ. pic.twitter.com/0OMyqDqBdv