Дома Фудбал Трагедија: Босански тренер загина по удар од гром

Трагедија: Босански тренер загина по удар од гром

Почина поранешниот играч и тренер на Сараево, Џенан Ушчуплиќ (48).

Ушчуплиќ бил погоден од гром додека планинарел со своето друштво на планината Зеленгора на југоисточниот дел на Босна и Херцеговина.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Оваа вест ги шокираше сите навивачи на Сараево, но и останатите фудбалски фанови во Босна и Херцеговина.

Ушчуплиќ е роден на 18 август 1975 година, а сениорската фудбалска кариера ја започна во 1995 година во Сараево, откако мина низ младинските категории во Жељезничар. Подоцна го облече и дресот на Олимпик.

Се повлекол во летото 2002 година на 27-годишна возраст поради хронична повреда на коленото. Потоа работел како тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …