Дома Топ вести Тој е новиот идол на „Висенте Калдерон“ – но, зошто никој не му дава да шутира пенал?

Тој е новиот идол на „Висенте Калдерон“ – но, зошто никој не му дава да шутира пенал?

Заборавениот напаѓач на Атлетико Мадрид, Алесио Черчи, можеби „извиси“ во последен момент да заигра во големото дерби против Реал пред неколку кола, бидејќи Диего Симеоне го врати на клупата после голот на Гризман во завршницата, но затоа дочека да влезе во игра во финишот на мечот со Осасуна минатиот викенд, кој Атлетико го доби со 3:0.

Малку фалеше Италијанецот да се запише и во листата на стрелците, а тоа сигурно ќе се случеше доколку соиграчите ги послушаа советите и скандирањата од публиката и капитенот Годин токму Черчи да изведе еден од досудените пенали. Но, тоа не се случи, бидејќи ниту Караско, а ни Томас Парти не сакаа да му ја препуштат топката, па космичката правда ги стигна инстантно бидејќи и двајцата ги промашија ударите од белата точка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, Черчи со своите урнебесни реакции кои ги прави забавувајќи се како резервист стана нов миленик на навивачите на „Висенте Калдерон“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Халанд објави фотографија со легендата на Манчестер јунајтед и напиша само еден збор (Фото)

Веројатно најдоброто напаѓачко оружје на денешницата и играч на Манчестер Сити го сретна с…