Денешниот меч против Тотенхем ќе биде специјален за напаѓачот и капитен на Интер, Мауро Икарди.
Аргентинецот веќе неколку сезони е меѓу најдобрите напаѓачи во Европа, неговата цена порасна повеќе од 100 милиони евра, но Икарди до сега не одиграл ниту еден меч во Лигата на шампиони.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Интересно, Икарди денес против Тотенхем ќе дебитира во најелитното натпреварување, а неговата сопруга и менаџер Ванда Нара тврди дека тоа ќе биде специјален меч за напаѓачот.
„Интер игра на сите фронтови. Мечот против Тотенхем ќе биде многу специјален за Мауро, бидејќи тој многу го сака дресот на Интер. Минатата година му помогна на тимот да се пласира во ЛШ и вечерва ќе дебитира во турнирот“, изјави Ванда.
„Иако се уште нема постигнато гол во новата сезона Мауро е спокоен и набрзо повторно ќе почне да ги тресе мрежите. На Интер му е потребно малку време, но набрзо ќе видиме еден многу силен тим“, додаде сопругата на Икарди.
Wanda Nara: "Inter-Tottenham per Icardi speciale. Spalletti tranquillo" – https://t.co/8qC3yheHfs – #inter #FCIM #amala
— Inter-News.it (@internewsit) September 17, 2018