Дома Фудбал Италија Тоти конечно откри дали ќе се пензионира на крајот од сезоната?

Тоти конечно откри дали ќе се пензионира на крајот од сезоната?

Фудбалерите на Рома денеска играат на гостувањето против Киево во рамките на претпоследното коло од италијанската Серија А.

Избраниите на Лучано Спалети се уште имаат теоретски шанси за титулата, но главната цел на Рома е да го задржи второто место кое обезбедува директен пласман во ЛШ. Натпреварот против Киево би можел да биде еден од последните за легендарниот Франческо Тоти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Медиумите во Италија се сигурни дека Кралот на Рим на крајот на сезоната ќе стави крај на својата кариера, иако Тоти се уште ништо не потврди. Но, интересна ситуација се случи вчера по заминувањето на екипата во Верона. Имено, сите се фокусираа само на сликање на Тоти, а тој им рече нешто што ги збуни навивачите на Рома.

„Полека, ќе имате прилика да ме сликате и следната година“, рече Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите го сменија мислењето: Прво го сакаа Вилијамс, а сега не бил калибар за Барселона

Нико Вилијамс е главната тема во Шпанија изминативе два дена. Репрезентативецот на Шпанија…