Дома Топ вести Тотенхем спрема јануарска „бомба“ од 35 милиони!

Тотенхем спрема јануарска „бомба“ од 35 милиони!

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го донесе крилниот напаѓач на Кристал Палас, Вилфред Заха.

Менаџерот Покетино го означи Заха како приоритет во зимскиот преоден рок, бидејќи Ламела и Сон играат во променлива форма и му треба засилување на крилните позиции.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Заха игра одлично во дресот на Кристал Палас, постигна 5 гола и запиша 6 асистенции од почетокот на сезоната, па го привлече вниманието на неколку големи клубови.

„Спарси“ сакаат да ја победат конкуренцијата и наводно спремиле понуда од 35 милиони евра, која се верува дека ќе биде доволна за челниците од Кристал Палас да ја пуштат својата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…