Дома Трансфер зона Тотенхем подготви пари за стоперот, но Интер им ги расипува плановите!

Тотенхем подготви пари за стоперот, но Интер им ги расипува плановите!

Тотенхем е заинтересиран за 24-годишниот дефанзивец на Сампдорија, Јоаким Андерсен.

Данецот игра одлично оваа сезона, „Петлите“ неодамна изразија желба за неговиот потпис, а пред неколку месеци претставници од Северен Лондон се сретнале и со еден од адвокатите на Сампдорија, кој притоа имал и важна директорска позиција во клубот од Џенова. На споменатиот состанок известиле дека за услугите на Италијанецот се подготвени да платат 25 милиони евра следното лето.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Се изгледало дека трансферот би можел да биде завршен, но во целата приказна се вмешал и Интер. „Нероазурите“ ја следат ситуацијата и спремаат понуда за Андерсен, Марота е подготвен да уфрли и неколку играчи од екипата од Милано, за да ги убеди да се соработуваат со нив, а не со „Петлите“, па ќе видиме што ќе одлучат во Сампдорија. Двата италијански клуба се во добри односи, имаат претходна соработка, а ќе видиме дали Андрсен би можел да се придружи на екипата од „Меаца“ следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…