Дома Трансфер зона Тотенхем направи план како да го доведе ГОЛЕМИОТ англиски талент

Тотенхем направи план како да го доведе ГОЛЕМИОТ англиски талент

Британските медиумите пренесуваат дека Тотенхем „фрли око“ на Макс Аронс, тинејџерската сензација од Чемпионшип.

Станува збор за 18-годишниот фудбалер на Норвич кој игра на позицијата десен бек, иако по потреба може да игра и по левата страна. На таа позиција во Тотенхем се добро покриени, но во лондонскиот клуб мислат на иднината и имаат во план да го ангажираат Аронс уште во јануари. Меѓутоа, Норвич не сака да го пушти во пола сезона, бидејќи со тоа се намалиле шансите да се квалификуваат за пласман во Премиер лигата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тотенхем има во план во јануари да го откупи договорот на Аронс за 15 милиони фунти, но овој играч да остане во Норвич како позајмен играч до крајот на сезоната. Тотенхем не е единствениот клуб кој е заинтересиран за него, бидејќи интерес за него покажа и Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…