Тотенхем е многу блиску до ангажирање на централниот дефанзивец на Барселона, Клемент Ленгле, пренесува „Марка“.
Ленгле е на излезна врата и сигурно ќе ја напушти Барселона во летниот преоден рок, а интерес за него покажаа неколку европски клуба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Французинот го избра Тотенхем, а „спарси“ се многу блиску до договор со Барселона за позајмица од една сезона со право на откуп.
Барселона преферираше перманентен трансфер, но прифати да го пушти Ленгле на позајмица за да се ослободи од неговата плата.
Чави моментално има седум централни дефанзивци – Пике, Араухо, Ерик Гарсија, Ленгле, Мингеса, Умтити и Кристенсен. Покрај Ленгле се очекува да заминат најмалку уште двајца дефанзивци.