Тотенхем е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Сусо и сака да го врати Шпанецот во Премиер лигата, пренесуваат англиските медиуми.
Сусо игра фантастична сезона во дресот на Милан и го привлече вниманието на менаџерот на „спарси“, Покетино кој сака да го има 23-годишниот Шпанец во својот тим.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Сусо веќе има искуство во Премиер лигата, бидејќи неколку години беше член на младинската академија на Ливерпул, но не доби вистинска шанса во првиот тим.
Покрај Тотенхем, силен интерес за крилниот фудбалер покажува и Атлетико Мадрид, но Милан не сака ни да помисли да се раздели од својата ѕвезда и припрема нов договор за Шпанецот.