Дома Трансфер зона Тотенхем го продава Дени Роуз до крајот на месецот!

Тотенхем го продава Дени Роуз до крајот на месецот!

И покрај фактот што не донесе ниту едно засилување ова лето, Тотенхем би можел да го продаде англискиот репрезентативец Дени Роуз, тврдат англиските медиуми.

Левиот бек одби да се пресели на позајмица во Шалке, но е отворен за трансфер во францускиот шампион Пари Сент Жермен, кој покажува силен интерес за него.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека раководството на „спарси“ исто така сака да го продаде Роуз и покрај фактот што тој беше повикан за саботниот натпревар против Фулам.

Ситуацијата не е таква со Тоби Алдервајлед, за кого цело лето се шпекулираше дека ќе замине, но менаџерот Покетино инсистира по секоја цена тој да остане во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…