Раководството на Тотенхем работи на два големи трансфери за две ѕвезди од Серија А, пренесуваат италинските медиуми.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за играчот на Милан, Франк Кеси и напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала кои на лето ќе бидат слободни агенти.




Договорите на Дибала и Кеси истекуваат на крајот на сезоната и за нив постои интерес од многу европски гиганти, но Тотенхем сака да ја победи конкуренцијата.
Главна улога во овие трансфери секако ќе има Антонио Конте, кој силно ги посакува двајцата фудбалери и ќе ги убеди да го изверат Тотенхем.




Раководството на „спарси“ веќе работи на трансферите и е спремно да ги задоволи финансиските барања на Кеси и Дибала.