Дома Фудбал Англија „Топчиското“ семејство повторно ќе ги спои Обамејанг и Дембеле?!

„Топчиското“ семејство повторно ќе ги спои Обамејанг и Дембеле?!

Лондонски Арсенал се приклучи на Ливерпул во битката за трансфер на фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле.

Како што пишува каталонски „Спорт“, Арсенал е во предност бидејќи фудбалерот на тој тим, Пјер Емерик Обамејанг е добар пријател со Дембеле уште од Борусија Дортмунд, па ќе се обиде да го убеди да го напушти „Камп Ноу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На трансфер инсистира функционерот на Арсенал, Раул Санлехи, некогашниот директор на Барселона, човекот кој може да биде мост во целата работа.

Дембеле, кого Барселона го плати 105 милиони евра, се доведува во врска со заминување од Каталонија поради низата прекршоци врзани за дисциплината, односно пропуштањето на тренингот поради видео-игри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…