Алгоритмот на „Football Whishpres“ повторно ни ги претставува трансферите за кои најмногу се пишува.
Според овој алгоритам Леон Горетцка и понатаму е на пат кон Баерн, Моура е блиску до Манчестер, а Рафиња до Интер.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Имаме и една навистина интересна ситуација, а тоа е дека Тео Волкот се наоѓа два пати на оваа листа. Евертон е прв фаворит за негово доведување, но тука е Саутемптон кој располага со големи финансиски средства по продажбата на Ван Дијк и сега покрај Волкот покажува интерес и за Даниел Стариџ.
ТОП 10 ПОТЕНЦИЈАЛНИ ТРАНСФЕРИ
1. Леон Горетцка (Шалке – Баерн)
2.Лукаш Моура (ПСЖ – Манчестер Јунајтед)
3. Робин Ван Перси (Фенербахче – Фејенорд)
4. Рафиња (Барселона – Интер)
5. Тео Волкот (Арсенал – Евертон)
6. Диафра Сако (Вест Хем – Кристал Палас)
7. Алексис Санчез (Арсенал – Манчестер Јунајтед)
8. Даниел Стариџ (Ливерпул – Саутемптон)
9. Абдул Рахман Баба (Челзи – Шалке)
10, Тео Волкот (Арсенал – Саутемптон)