Дома Фудбал Останато Тони Крос е најголемата грешка на Баерн Минхен, но и на Манчестер Јунајтед

Тони Крос е најголемата грешка на Баерн Минхен, но и на Манчестер Јунајтед

Легендарниот Тони Крос по крајот на Европското првенство ќе ја заврши кариерата, а веќе го одигра последниот натпревар во дресот на „кралевите“.

Иако, според неговата форма и понатаму може да игра на високо ниво, сепак Крос одлучи да каже „збогум“ на фудбалот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Германскиот фудбалер заминува со уште еден, шести трофеј во Лигата на шампионите (има една Лига на шампиони со Баерн и пет со Реал), а последен турнир на кој ќе игра во кариерата е Европското првенство во неговата Германија.

Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен и Интер, Лотар Матеус зборуваше за Тони Крос и имаше што да каже на таа тема.

„Продавањето на Тони Крос е најголемата грешка што Баерн Минхен некогаш ја направил“, изјави Матеу.

Крос од Баерн Минхен во Реал Мадрид премина во 2014 година за сума од 24 милиони евра.

Меѓутоа медиумите потсетуваат и дека Манчестер Јунајтед направи голема грешка со Крос. Имено, се потсетува дека овој клуб имаше договор со Крос кога Дејвид Мојс беше тренер, но по неговото заминување и доаѓањето на Ван Гал таа комуникација сеп рекина и холандскиот стратег се одлучи за некои други имиња во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно: Мбапе на 26 години го израмни рекордот на Тиери Анри

Капитенот на Франција Килијан Мбапе изјави дека е „лудо“ тоа што на 26 години се изедначил…