Дома Фудбал Тони Крос го одигра последниот натпревар во кариерата. Еве што рече по него

Тони Крос го одигра последниот натпревар во кариерата. Еве што рече по него

Репрезентацијата на Германија се прости од Европското првенство по поразот од Шпанија во судиското продолжение од четврт-финалето на натпреварувањето.

Шпанците имаа предност од 51. минута кога погоди Дани Олмо, а Флоријан Виртц израмни на 1:1 во 89. минута.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Голот на Микел Мерино во 119. минута ја внесе Шпанија во полуфиналето, ја елиминира Германија и стави крај на кариерата на Тони Крос.

Брилијантниот играч за врска најави дека ќе се пензионира по ЕП, а откако Шпанците ги победија неговите Германци, тоа пензионирање стана и официјално.

„Нема да кажам колку беше брутално, но дадовме се од себе бидејќи не сакавме да загубиме и бевме многу блиску до успех.

Сега нашето испаѓање фрла сенка на сето тоа, сакавме да направиме нешто големо, но тој сон сега заврши. Игравме добар турнир и тешко е да прифатиме испаѓање кога бевме многу блиску до пласман понатаму.

Сепак, мораме да бидеме горди затоа што напредувавме, а драго ми е што и помогнав на Германија како фудбалска нација повторно да има надеж. Убеден сум дека овој тим ќе биде успешен во иднина“, изјави Крос по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…