Дома Фудбал Италија Судот ја намали казната на Погба, во јануари се враќа во тимот на Јувентус

Судот ја намали казната на Погба, во јануари се враќа во тимот на Јувентус

Суспензијата на Пол Погба е значително намалена, од четири години на само 18 месеции Французинот наскоро ќе се врати на теренот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, првичната четиригодишна забрана за играње фудбал поради позитивен допинг тест, Меѓународниот спортски арбитражен суд ја намали на 18 месеци, пренесува Дејли Мејл.

Тоа значи дека од јануари францускиот играч ќе може да тренира со Јувентус, а од март повторно ќе има право да игра фудбал.

Ова е добра вест за Јувентус, но и за европскиот фудбал воопшто, бидејќи Погба е голема фудбалска ѕвезда која недостасуваше на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Французите не можат да поверуваат во она што го направи Мбапе пред СП: Замина од кампот и предизвика бес!

Зад Килијан Мбапе е навистина бурна година. Француската ѕвезда постигнуваше голови во дрес…