Дома Фудбал Останато Екс-репрезентативец на Данска заврши во затвор поради кражба на супа, сок и вино

Екс-репрезентативец на Данска заврши во затвор поради кражба на супа, сок и вино

Некогашниот репрезентативец на Данска Ники Нилсен кој во кариерата го носеше дресот на Виљареал заврши во затвор поради кражба во продавница во вреднсот од 20 евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите во Данска пренесуваат дека Нилсен му се заканувал на вработениот дека ќе го претепа по што бил задржан од негова страна додека не дојде полицијата. Според информациите бил уапсен за кражба на супа, сок и вино во тетрапак.

Станува збор за фудбалер кој и во минатото имал проблем со законот, па така пред десет години заврши во затвор поради напад на полицаец во Копенхаген. Неодамна беше пријавен и за напад на неговата партнерка.

Во кариерата како фудбалер дресот на репрезентацијата на Данска го носеше на три натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кукуреља ќе игра за Реал ама го избра Меси пред Модриќ (Видео)

Марк Кукуреља (27) е лев бек на шпанската репрезентација и на Реал. Официјално беше објаве…