Ерик тен Хаг ќе добие уште една шанса на клупата на Манчестер Јунајтед.
Како што пренесуваат островските медиуми, во случај на пораз од Астон Вила во недела, Холанѓанецот ќе добие отказ за време на претстојната репрезентативна пауза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не се знае кој би можел да го замени, но повторно се споменуваат имиња како Томас Тухел и Масимилијано Алегри кои се слободни на пазарот.
Тен Хаг вчера едвај ремизираше со Порто со гол во последните моменти, иако „црвените ѓаволи“ имаа водство од 2:0 по првите 20-тина минути од натпреварот. Поради лошата форма од почетокот на сезоната и трите порази во првите шест натпревари од Премиер лигата медиумите најавуваат дека Холанѓанецот ќе биде отпуштен во случај на неуспех против Астон Вила.
Астон Вила воопшто не е лесен ривал, тоа го видовме во Лигата на шампионите, бидејќи Баерн Минхен падна на Вила Парк.
Навивачите од друга страна сакаат отказот за Тен Хаг да дојде колку што може побрзо.