Томас Милер е блиску до договор со Баерн Минхен за продолжување на соработката, пренесуваат германските медиуми.
Двете страни веќе подолго време се во преговори и постигнале договор за должината на договорот, па останува уште да се договорат финансиските детали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милер кој од 12 години игра за баварскиот гигант, годишно заработува по 15 милиони евра. Според „Билд“ тој наскоро ќе стави потпис на нов договор до 2024 година, со мало намалување на платата.
30-годишниот фудбалер целата кариера ја помина цо Баерн Минхен и до сега има одиграно 521 натпревар за Баварците.
Во првиот дел од сезоната влезе во конфликт со тренерот Нико Ковач па имаше шпекулации дека ќе го напушти Баерн, но Милер ќе им остане верен на Баварците.
The Love Story Continues: Thomas Muller is set to extend his Bayern contract until 2023.
— Ehson (@Bayern_mania) April 1, 2020
13 years and still counting ❤️ pic.twitter.com/sxMqUd80WI