Дома Топ вести Титулата се враќа на Бернабеу: После пет години, Реал нов шампион на шпанската Ла Лига

Титулата се враќа на Бернабеу: После пет години, Реал нов шампион на шпанската Ла Лига

Фудбалерите на Реал по петгодишна пауза ја освоија титулата во шпанското првенство. На тронот Реал ја наследи Барселона, од која сезоната 2016/2017 ја заврши со три бода повеќе 93/90.

Реал во последното коло гостуваше во Малага и забележа победа 2:0. Сите дилеми дека Магага може да направи сензација паднаа во вода кога Кристиано Роналдо по само 100 секунди игра го постигна првиот гол. Конечните 2:0 ги постави Бензема по десет кинути игра во второто полувреме.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во исто време Барселона со пресврт во последните 30 минути успеа да слави против Еибар 4:2. Гостите водеа со головите на Инуи, додека стрелци за Барселона беа Жунка со автогол, Суарез и два пати Меси.

Атлетико против Атлетик Билбао го одигра својот последен меч на „Винсенте Калдерон“. Тимот на Чоло Симеоне славеше 3:1, а првите два гола ги постигна клупската легенда 33-годишниот Фернадо Торес. Вилијамс намали на 2:! во 71.минута, а конечниот резултат го постави Анхел Кореа.

Атлетик Билбао остана без квалификациите во Лига Европа, бидејќи ривалот од Баскија Реал Сосиедад во 94.минута преку Хуанми постигна гол за 2:2 против Селта и го освои шестото место на табелата.

Директен пласман во Лигата на шампионите изборија Реал, Барселона и Атлетико Мадрид, а во квалификациите ќе игра Севилја. Виљареал ќе игра во Лига Европа, а Реал Сосиедад ќе игра квалификации, додека од лигата испаднаа Гранада, Спортинг и Осасуна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …